Гатузо потпиша – на чело на Милан до 2021 година

Веќе нема никакви дилеми, Џенаро Гатузо ќе продолжи да ја извршува функцијата шеф на стручниот штаб на Милан и во следната сезона откако младиот стратег денеска потпиша нов договор со „росонерите“. Според овој договор Гатузо би требало да остане на „Сан Сиро“ до 2021 година, за плата од два милиони евра по сезона.

Поранешниот фудбалер на Милан одлично се снајде на клупата откако го зазеде местото на Винченцо Монтела. Иако во последните две кола загуби од Јувентус и ремизираше со Интер, Гатузо сепак стори доволно за да ги убеди сите во таборот на Милан во своите тренерски квалитети.

„Дојде моментот на сите да ви соопштиме дека Гатузо ќе биде наш тренер и во следните три сезони. Ова е една од најлесните одлуки откако сме овде, откако во изминатите месеци одработе фантастично“ – изјави претседателот на Милан, Марко Фасоне.

Се вчитува...