Гатузо повторно ќе води тим во Серија А

Легендата на италијанскиот фудбал, Џенаро Гатузо од крајот на минатата сезона и повлекувањето од клупата на Милан е без ангажман. Италијанските медиуми пренесуваат дека Лацио е подготвен на клупата да го донесе Гатузо, поради лошиот старт на сезоната кој го има клубот под водство на Симоне Инзаги.

Лацио во првото коло ја совлада Сампдорија нагости со 0-3, но од тогаш следуваат лоши резултати вклучувајќи ги и поразите од СПАЛ во Серија А и Клуж во Лигата на Европа. Ако продолжи лошата форма на тимот се очекува Инзаги да добие отказ, а неговото место на клупата на „лацијалите“ да го преземе Џенаро Гатузо.

Се вчитува...