Гатузо пред преселба во Премиер-лигата?

Челниците на Милан најавуваат тренерска смена без разлика дали тимот ќе се пласира во ЛШ за наредната сезона, но и Џенаро Гатузо не седи со скрстени раце, туку веќе размислува за својот нов тренерски ангажман. Италијанскиот стратег е еден од кандидатите за менаџерската функција во Њукасл, каде газдата Мајк Ешли се подготвува за разделба од Рафа Бенитез.

Во игра се неколку британски стратези, но Гатузо важи за еден од фаворитите во оваа трка. Темпераментниот стратег се сретнал со својот агент Жорге Мендеш во ресторан во Милано, се со цел условите да бидат договорени уште во текот на оваа сезона.

Што се однесува до Бенитез, шпанскиот стручњак има неколку понуди за враќање во татковината, но и интересна оција да го преземе кормилото на Лион.

Се вчитува...