Гатузо разочаран: Играчите ме изневерија, овој Милан нема душа!

Милан доживеа уште еден шок во Серија А, откако синоќа на „Сан Сиро“ загуби од последнопласираниот тим Беневенто со 0-1. Тренерот Џенаро Гатузо е крајно разочаран од изданието на тимот, но и од односот на фудбалерите кон дресот на славниот клуб.

„Јас сум прв најодговорен за тоа што се случи. Јасно е дека овој тим е во целосен колапс. Кога играте без душа, тогаш ќе бидете вака понижени. И кога ќе анализираме се што се сличило, ќе немаме никакво алиби за ваквото издание. Кога ќе играш вака против Беневенто – јасно е дека немаш ниту душа, ниту желба. Не е важно со колку напаѓачи сме играле, туку дека немавме психолошка сила, ниту желба да направиме било што. Едноставно, ние голицкаме противниците, не ги уништуваме. Играчите ме изневерија и мене, но пред се клубот. Треба да знаат дека го носат овој престижен дрес, кој е синоним за успеси“, изјави разочарано Џенаро Гатузо по поразот од Беневенто.

Се вчитува...