Гатузо сака назад во Милан, но проблемот е во Малдини

Џенаро Гатузо одби неколку понуди бидејќи желба му е да се врати назад во Милан, а единствена пречка за камбек на поранешниот фудбалер и тренер е Паоло Малдини, кој се уште му искажува поддршка на сегашниот стратег Марко Џампаоло.

Милан вечерва гостува на Џенова, а евентуален пораз ќе значи и дефинитивна разделба од Џампаоло, ситуација во која дури и Малдини не би можел да го одбрани тренерот по серијата слаби игри од почетокот на сезонава. Гатузо летово го одби Спартак Москва, а минатата седмица ја отфрли и понудата на Џенова, свесен за неизвесноста во Милан и неговите реални шанси за камбек на „Сан Сиро“.

Звонимир Бобан веќе е „За тренерска смена“, Гатузо не беше негов прв избор, откако доби негативни одговори од Спалети и Шевченко, тој сега сериозно размислува за враќање на ланскиот стратег. Последна пречка е Малдини, кој настојува да му се даде време на Џампаоло. Сепак, со самото тоа расте и притисокот врз самиот Малдини, па доколку Милан вечерва се „лизне“ во Џенова, тренерската смена ќе биде неизбежна.

Се вчитува...