Гатузо се заканувал со оставка по поразот од Верона

Тренерот на Милан Џенаро Гатузо, се заканувал дека ќе даде отказ откако неговиот состав вчера претрпе пораз од 3-0 Верона, тимот кој се бори за опстанок во Серија А. Ваквата инфомација ја потврди Жуљиелмо Мастроани, новинар на италијанскиот медиум „Медиасет“ кој известува за италијанскиот гигант.

Причината за оваа закана не е самиот пораз, туку начинот на кој играчите се однесувале во соблекувалната по крајот на средбата. Фудбалерите во ниту еден момент не покажале чувство на разочарување или пак фрустрација што беа „декласирани“ од послабиот противник, напротив сите биле релаксирани по мечот, а тоа го налутило „Рино“ што истиот ден се упатил кон просториите на „Каса Милан“ со цел да поднесе оставка.

Наводно, Марко Фасоне му го сменил мислењето и неговата одлука, со тоа што презел санкции. Имено, во клубот е откажана прославата за Божиќ, додека играчите ќе имаат зголемен број на тренинзи.

Се вчитува...