Гатузо сега со серија пофалби за Елмас: Ги има сите карактеристики за голем играч!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас веќе со сигурност ја добива довербата од новиот тренер на Наполи, Џенаро Гатузо кај кого претходно, по смената на Карло Анчелоти, имаше само еден одигран натпревар. Сега веќе втор натпревар е стартер кај Гатузо, а „наполитанците“ запишуваат победа.

Елмас настапи на левокрилната офанзивна позиција во синоќешниот триумф од 0-1 на гостувањето против Интер во Купот на Италија. И доби серија пофалби од Гатузо за својот настап…

„Елмас има неверојатна сила и техника со која може да игра на повеќе позиции, па и на оваа на која настапи вечерва. Тој влегува со 100% од себе на секој натпревар, одличен е и во одбраната и сето тоа го работи со многу енергија. А, на сето тоа може и уште многу да напредува. Ги има сите карактеристики да биде голем играч, но треба трпение“ – истакна Гатузо по синоќешната победа на Наполи.

Се вчитува...