Гатузо скромен: Ова финале е заслуга и на Монтела

Џенаро Гатузо продолжува да ги собира комплиментите по воскреснувањето на Милан, но младиот стратег по пласманот во финалето од Купот на Италија упати честитки кон сите, па и кон својот претходник Винченцо Монтела. Голем дел од фудбалерите јавно го критикуваат Монтела за неговите методи на работа, но Гатузо го посочи овој стратег меѓу најзаслужните за овој усех.

„Успеавме во она што го посакував, создадеовме компактен тим што игра добро на сите делови од теренот. Голема благодарност до фудбалерите, но и до Монтела, кој им имаше дадено одлични тактички замисли и пред моето доаѓање. Успехот е огромен, секако дека сум среќен, но не сакам да се говори за мене како за некој гуру. Едноставно имав среќа и ете – Милан ќе игра финале“ – изјави Гатузо.

Се вчитува...