Гатузо става „вето“ на продажбата на Донарума и на Сусо

Џенаро Гатузо доби нов договор и ќе остане на клупата на Милан и следната сезона, па веќе почна да го планира тимот на „росонерите“. Во неговите планови се и Џанлуиџи Донарума и Сусо, како играли кои треба да бидат носители на играта. Ова е сосема нов момент, ако се знае дека и се двајцата се најавуваше дека ќе го напуштат „Сан Сиро“. За Донарума се заинтересирани дел од финансиски најмоќните европски клубови, ПСЖ и Реал Мадрид, а Милан веќе го договори трансферот на Пепе Реина, кој треба да биде негов наследник.

Сусо исто така е на листата на желби на неколку клубови, пред се на Наполи и на Севилја. Сепак, Гатузо е подготвен да стави „вето“ на нивните трансфери и да ги убеди да останат во редовите на Милан најмалку уште една сезона.

Се вчитува...