Фудбалерот на Барселона и шпанската репрезентација, Гави, изјави дека верува оти аргентинскиот играч од средниот ред Леандро Паредес не треба да биде суспендиран поради инцидентот што се случи по завршувањето на финалето на Светското првенство.
По победата на Шпанија над Аргентина од 1:0, на теренот се собра толпа, во која учествуваа аргентинските репрезентативци Леандро Паредес, Нахуел Молина и Тијаго Алмада, како и помошникот тренер Роберто Ајала.
ФИФА покрена дисциплинска постапка и назначи истражител кој ќе ја утврди одговорноста на сите учесници во инцидентот. Во зависност од исходот од истрагата, поединечни играчи или членови на тренерскиот персонал би можеле да бидат суспендирани, додека Аргентинската фудбалска асоцијација се соочува со парична казна.
„Не мислам дека Паредес треба да биде суспендиран. Разбирам дека тоа не е добра слика за децата, но фудбалот има и таа физичка, поагресивна страна. Најлогично би било да биде исклучен за време на натпреварот и тоа да биде крајот. На крајот, сè е дел од фудбалот“, изјави Гави за радио COPE, пренесува „Би-Би-Си“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
