Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед ја изгуби трката со Борусија Дортмунд за потписот на Ерлинг Халанд, но Оле Гунар Солскјер и раководството на клубот имаат „план Б“. Фокусот се врти кон напаѓачот на Лион, Муса Дембеле.
„Црвените ѓаволи“ се подготвени да платат 35 милиони евра за ангажман на поранешниот голгетер на Селтик, кој оваа сезона постигна 10 гола во дресот на Лион. Солскјер смета дека Муса Дембеле одлично би се вклопил во играта на Манчестер Јунајтед и би бил добро решение во тандем со Маркус Рашфорд.
Останува да се види реакцијата на Лион, но тешко е да се поверува дека францускиот клуб ќе се согласи на заминување на еден од клучните фудбалери, особено по тешката повреда на Мемфис Депак, за кого оваа сезона е предвреме завршена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА