Првата ѕвезда во фудбалската репрезентација на Чиле, Алексис Санчез, не е на списокот на селекторот Рејналдо Руеда за контролните натпревари со Јапонија на 7. септември и со Јужна Кореја четири дена подоцна.
Причина за изоставувањето на Санчез од репрезентативните настапи е барањето од Манчестер јунајтед нивниот фудбалер да паузира за да може комплетно да ја санира повредата со која се здоби неодамна.
29-годишниот Санчез не играше на дуелот против Брајтон поради „мали проблеми“, а на последниот меч кога „црвените ѓаволи“ беа поразени од Тотенхем, тој влезе како резерва.
„Отсуството на Алексис Санчез е поради тоа што тој му треба на клубот во овие тешки моменти, уште повеќе што тој има повреда на мускулот. Тоа е по препорака од медицинскиот тим на Манчестер јунајтед. Алексис се опоравува, но за сите тие патувања по Азија треба дополнителен напор и од клубот предложија тој да не учествува во овие контролни натпревари. Ние ја почитуваме тоа и желбата на Алексис и затоа решивме да сега да не биде во составот“ – изјави Руеда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА