„Ѓаволите“ подобри од Евертон

Манчестер јунајтед ја оствари петтата победа оваа сезона во Премиер – лигата, славејќи на „Олд Трафорд“ против Евертон со 2-1. Сега тимот на Жозе Мурињо има 17 бода, дури девет помалку од моментниот лидер Ливерпул.

Пол Погба ги доведе „црвените ѓаволи“ во водство, од „втора“ реализирајќи го пеналот во 27.минута. Пикфорд го одбрани ударот на Французинот, но топката се врати кај Погба и тој успеа да ја смести во мрежата. На почетокот на вториот дел, Антони Марсијал зголеми на 2-0 во 49.минута, а до крајот Евертон само постигна почесен погодок, преку Гилфи Сигурдсон, исто така од пенал, во 77.минута.

Се вчитува...