„Ѓаволите“ се разиграа, Арсенал извлече триумф

Манчестер јунајтед стави крај на серијата од четири меча без победа во Премиер – лигата и на „Олд Трафорд“ убедливо го порази Фулам со 4-1. Ешли Јанг постигна прекрасен гол за водство, на 2-0 зголеми Хуан Мата, а потоа малерот го разби и Ромелу Лукаку. Фулам постигна почесен гол преку Камара од пенал, а Маркус Рашфорд ја затвори серијата голови.

Арсенал долго се мачеше на „Емирати“ против Хадерсфилд, убави шанси промашија Обамејанг и Лаказет, а во финишот Лукас Тореира го пронајде патот до мрежата на гостите, за триумф на „топчиите“ од 1-0.

Резултати Англија: Манчестер јунајтед – Фулам 4-1, Арсенал – Хадерсфилд 1-0, Барнли – Брајтон 1-0, Кардиф – Саутемптон 1-0, Вест хем – Кристал Палас 3-2

Се вчитува...