„Ѓаволите“ се страшни – даваат по четири гола како од шега

Манчестер јунајтед уште еднаш покажа дека се наоѓа во топ-форма на стартот од новата премиерлигашка сезона, откако и во рамките од второто коло тимот на Жозе Мурињо постигна четири погодоци. По домашниот дуел со Вест хем, „црвените ѓаволи“ блескаа и на денешното гостување против Свонси, триумфирајќи со идентични 0-4.

Тимот на Мурињо се мачеше се до финишот од првото полувреме, кога Баји се најде на вистинско место по ударот на Погба што заврши во гредата, па од самата гол-линија ја внесе топката во мрежата. Потоа Јунајтед целосно ја контролираше играта, за на ефикасност да добие по излегувањето на Рашфорд и влегувањето на Марсијал. Најпрвин Лукаку зголеми на 0-2, а потоа Погба погоди за 0-3, два гола на асистенции на Мхитаријан, Марсијал да ги постави конечните 0-4 на „Либерти“ стадионот.

По максималните шест бода и импресивната гол-разлика 8-0, „црвените ѓаволи“ во следното коло ќе го пречекаат Лестер.

Eric Bailly Goal – Swansea 0-1 Manchester… by whywhywhymemememememmeemme

Romelu Lukaku Goal HD – Swansea City 0-2… by taftadarka2016

Paul Pogba Goal HD – Swansea City 0-3… by taftadarka2016

Anthony Martial GOAL HD – Swansea 0-4… by 87taras

Се вчитува...