„Ѓаволот“ Валенсија се исплаши од вештачката трева во Швајцарија

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед на вечерашниот прв натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите ќе биде без капитенот Антонио Валенсија. Тој остана во Англија и не отпатува со тимот на гости кај Јанг Бојс, а причината е интересна. Десниот бек поради страв од можна повреда не сака да игра на теренот со вештачка трева во Швајцарија.

„Одлучивме да не го поведеме Антонио Валенсија, затоа што неговите колена едноставно не можат да го издржат притисокот што го носи играњето на вештачка трева. Ги имам на располагање Дармијан, Лук Шо, Диого и Ешли Јанг, и мислам дека нема да биде проблем отсуството на Валенсија“, изјави менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо.

Се вчитува...