„Ѓаволската армија“ продолжува да меле се во Англија… (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед продолжува со победничкиот од во Премиер лигата. Во 3. коло, „црвените ѓаволи“ ја запишаа и третата победа, овој пат со 2-0 на „Олд Трафорд“ против Лестер. Па, по три кола четата на Мурињо има максимални 9 бода, со гол разлика 10-0.

Денешната победа Манчестер јунајтед ја осигура, сепак, малку потешко од предвиденото во финишот на мечот. Лукаку најпрво во 52. минута не реализираше удар од белата точка, за да водство сепак донесе Рашфорд во 70. минута. Конечните 2-0 ги постави Фелаини со гол во 82. минута.

По овој триумф, Манчестер јунајтед се издвои на врвот од табелата со 9 бода, пред Хадерсфилд и Манчестер сити кои имаат по 7 бода.

Manchester United vs Leicester city 2-0 – All… by Soccer_LENS

Се вчитува...