Газда за пример: Шеикот Мансур ќе ги плати летовите на фановите на Сити за финалето од ЛШ

Сопственикот на Манчестер Сити, Шеикот Мансур ги освои симпатиите на фудбалската јавност откако покрена иницијатива за покривање на трошоците за патување на фановите кои ќе ги бодрат „сините“ во финалето од Лигата на Шампионите против Челси.

„Граѓаните“ добија 6.000 билети за големото финале што ќе се игра на 29 мај во Порто, но поради коронавирусот цените на летовите се зголемија за неколку пати, а ПЦР тестирањето дополнително ги зголеми проблемите на заинтересираните фанови.

„Јасно е дека би било невозможно за голем дел од нашите навивачи да стигнат до Португалија. Сепак, ова е одлична сезона во која Пеп и неговите фудбалери бежелат фантастични резултати и ќе им биде потребна поддршка за клучниот меч. Ќе сториме се како клуб за навивачите да немаат проблем и трошоци при патувањето, со надеж дека на крајот заедно ќе се радуваме“, објавија челниците на Манчестер Сити.

Се вчитува...