Марк Кјубан е пример за екстра-газда

Марк Кјубан години наназад е најомилен газда на НБА клуб. Американецот ги цени своите играчи, а таков беше и случајот со Џеј-Џеј Бареа, Порториканецот кој во два мандата помина вкупно 11 сезони со клубот од Далас.

Имено, Бареа потпиша договор од 2.6 милиони долари за една сезона пред месец дена, и покрај тоа што воопшто не беше во плановите на Маверикс, а истиот е дел од гестот на газдата на клубот со цел оддвачање почит на играчот кој го носеше „сино-белиот“ дрес една деценија.

Сега бекот е отпуштен со цел ослободување на место во ростерот, а 36-годишникот не планира да ја заврши својата кариера, напротив очекува нов договор со некој НБА клуб. Во случај да не најде клуб, Бареа сепак има загарантирани 2,6 милиони долари за следната сезона, благодарение на договорот што го потпиша со Кјубан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bleacher Report (@bleacherreport)

Се вчитува...