Газдата на Фулам го купува „Вембли“ за 600 милиони фунти

Фудбалската асоцијација на Англија наводно се договорила со сопственикот на Фулам и на Џексонвил јагуарс да му го продаде „Вембли“ за околу 600 милиони фунти. Преговорите почнале уште во април годинава. Според тврдењата на релевантни британски медиуми договорот меѓу ФА на Англија и Кан веќе е постигнат, а треба да добие потврда утре на седница на бордот на асоцијацијата.

Според договорот, новиот сопственик не би имал право маркетиншки да го брендира стадионот, ФА на Англија ќе може и натаму да организира натпревари на англиската репрезентација на „Вембли“, а ќе си го преземе сопствеништвото назад во случај ако Кан биде уапсен или осуден за криминал.

Ако договорот биде едногласно усвоен на состанокот на бордот на ФА на Англија, тогаш ќе биде презентиран на широкиот совет на федерацијата кој го сочинуваат претставници од аматерскиот фудбал па се до Премиер-лигата. И тие треба да го прифатат договорот.

Идејата за купувањето на „Вембли“ кај Кан потегнува од желбата да донесе натпревари од НФЛ – лигата во Лондон. Тој сака и да формира франшиза чиј дом ќе биде легендарниот англиски стадион.

 

 

Се вчитува...