„Газдата“ на Лацио заспа во собранието на Италија, Де Лаурентис го будеше (ВИДЕО)

Неверојатни сцени ни доаѓаат од собранието на Италија каде изминатите неколку дена на дневен ред беше ставено прашањето за италијанскиот фудбал. Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито задрема во собранието кога токму се говореше за состојбите на италијанскиот фудбал и тоа додека човекот кој имаше збор во тој момент седеше до него.

Првиот човек на Наполи, Аурелио де Лаурентис кој беше во близина, му подвикна на Лотито за да го разбуди.

Лотито потоа се правдаше дека не заспал, туку со затворени очи го слушал неговиот колега додека зборувал.

Се вчитува...