Сопственикот на Милан, Јонгхонг Ли повеќе не може да одолговлекува, неговата фирма се повеќе пропаѓа во финансиски долгови. Италијанските медиуми кои се повикуваат на нивните колеги од Кина, тврдат дека Ли е во банкрот веќе извесно време, досега успешно затајувал, и дека процесот на ликвидација на имотот бил во тек додека преговарал за купувањето на Милан.
Имено, една од неговите фирми „Жухаи Жонгфу“ во која Ли е малцински власник се продава на аукција поради долгови на две кинески банки. Пред неколу дена кинеската регулаторна комисија истакна дека е започнат процес на ликвидација и на главните фирми на Ли.
Главното прашање е како воопшто успеал да го откупи италијанскиот клуб од Силвио Берлускони за 740 милиони евра и при тоа да ги преземе и долговите на клубот. Преговорите се пролонгираа бидејќи Ли понуди само банкарски гаранции од 100 милиони евра, а останатото го обезбеди под неполни камати од фондот „Елиот менаџмент“. Банкротот во кој влезе пред да преземањето на Милан го спречи со серија жалби за да добие на време, но сега веќе нема правни средства.
Бидејќи две банки го тужат поради долгови, имотот на Ли ќе биде запленет, до октомври ќе мора да ислати повеќе од 300 милиони евра за да го ги подмири сметките, а доколку не го стори тоа, Милан ќе „падне“ во рацете на банките.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА