„Газета“: Елмас ќе биде стартер кај Гатузо

Џенаро Гатузо се фати за работа во Наполи, во обид експресно да најде лек за големата резултатска криза. Тој вчера го одржа првиот тренинг во новиот клуб, а според тиражниот весник „Газета дело спорт“, Гатузо сериозно ќе смета на Елиф Елмас како првотимец.

Македонскиот ас го загуби првотимскиот статус на последните средби под водство на Карло Анчелоти, но со доаѓањето на Гатузо тој повторно би требало да се врати како стартер, почнувајќи од саботниот дуел со Парма.

Според „Газета“, Бразилецот Алан ќе биде незаменлив во средниот ред на Гатузо, а крај него најголема минутажа ќе добиваат Фабијан Руиз и Елиф Елмас. Зиелински, кој кај Анчелоти играше во средниот ред, кај Гатузо би имал нешто поофанзивна улога, заедно со Лозано и Милик во напаѓачката линија.

Калјехон и Мертенс одбиваат да потпишат нов договор и инсистираат на заминување, па новиот тренер нема сериозно да смета на нив, а интересно ќе биде да се види како Гатузо ќе функционира со Инсиње, кој претходно имаше бројни конфликти со Анчелоти.

Се вчитува...