„Газета: Ибрахимовиќ го избра Милан

Милан ќе биде новиот клуб на Златан Ибрахимовиќ, откако последниот состанок меѓу раководството на „росонерите“ и шведскиот голгетер вродил со плод. Ова го тврди тиражниот италијански весник „Газета дело спорт“, најавувајќи дека трансферот ќе биде официјализиран во следните десетина дена.

Двете страни се договориле околу висината на платата што Златан ќе ја добива во Милан, а останува уште да се договори должината на договорот, дали тоа ќе биде на претходно утврдените 18 месеци, или една сезона повеќе. Болоња викендов преку соопштение објави дека се повлекува од трката по Ибракадабра како сериозен кандидат се споменуваше и Наполи, но на крајот Златан сепак реши да се врати назад во Милан.

Елитниот голгетер настапуваше за „росонерите“ во периодот од 2010 до 2012 година, освојувајќи едно скудето и еден трофеј во Суперкупот на Италија како член на оваа екипа.

Се вчитува...