Гечевски возвраќа: Зоре ги тераше играчите со „автолак“ да ги фарбаат патиките…

Реакцијата на Зоре Темелковски и упатените критики кон актуелното раководство на КФСМ предизвика бура во кошаркарската јавност. Меѓу оние кои гласно коментираа е и директорот во федерацијата, Тодор Гечевски, кој упати сериозни критики за работата на Темелковски додека тој ја предводеше куќата на кошарката.

„Не сум пишувал коментари на ФБ никогаш, но ова веќе не се издржува. Господинот што се претставува како прв претседател на КФМ не е прв како што кажува. Купуваше шеќер по 28 денари од Јужна Америка од КФМ, па да продава по 21 денар на Ино Спектар. Ги тераше репрезентативците да ги фарбаат патиките со автолак за да нема казни. Ние освоивме четврто место, а не ни ги даде ни дресовите за спомен. Поздрав до спортската јавност“ – напиша Гечевски како коментар на веста на ЕКИПА.

На коментарот на Гечевски се надоврзува претседателот на КФСМ, Перо Антиќ.

„Има уште што да се каже за тој човек, ако може да се нарече така. Ама тоа во свое време“ – додаде Антиќ.

Се вчитува...