Гедбан задоволен: Вардар ги има најдобрите навивачи во Европа

Калига Гедбан верува дека го направил вистинскиот избор кога од неколкуте понуди на негова адреса ја прифати онаа на Вардар. Младиот Алжирец имаше неколку добри настапи во црвено-црниот дрес, јасно е дека најдоброто од него допрва следи, но Гедбан е оптимист дека со адаптацијата во новата средина уште повеќе ќе се крене и неговата форма на теренот.

„ За мене беше многу тешко да се промени државата и беше огромен предизвик да дојдам во Вардар. Морам да истакнам дека играчите и луѓето што работат во клубот ми помогнаа за брзото прилагодување. Она што ме импресионираше најмногу од се е атмосферата во салата на домашните натпревари од ЛШ. Според мене, вардаровите навивачи се број 1 во Европа, а со таква поддршка од трибините сигурно е и многу полесно да се победи“ – изјави Гедбан.

Вардар утре ќе го пречека тимот на Татран Прешов во последниот домашен натпревар за 2018 година.

Се вчитува...