Генч Калемлер поразен на првиот тест во Анталија

Екипата на Генч Калемлер загуби на првиот пријателски натпревар за време на подготовките во Анталија, Турција.

Второлигашот од Гостивар загуби убедливо со 0-3 на тестот од турскиот Беледиеспор.

Следниот пријателски натпревар на Генч Калемлер на подготовките во Турција е в сабота (23. февруари) против норвешкиот третолигаш Дробак.

Се вчитува...