Шкупи го промовираше Тандина од Мали, „генералката“ утре против Гњилане

По враќањето од Анталија, Шкупи и официјално го промовираше 21-годишниот фудбалер од Мали, Махарафа Тандина.

Тандина доаѓа на шестмесечна позајмица од редовите на босанскиот прволигаш Младост Добој Какањ, а фудбалски потекнува од школата на турски Бешикташ.

„Задоволство ми е што доажам во клуб со долга традиција како Шкупи. Сакам да искажам благодарност до раководството и тренерот Умит Каран за укажаната доверба која ќе се обидам да ја оправдам“ – изјави Тандина по промоцијата во новиот дрес.

Утре чаирчани ќе го имаат и последниот тест дуел пред стартот на пролетната полусезона против косовскиот прволигаш Гњилане. Натпреварот ќе се игра од 13 часот на стадионот на спортскиот центар „Петар Милошевски“ на ФФМ.

Шкупи, поради реконструкција на стадионот во Чаир, и своите пролетни натпревари како домаќин ќе ги игра на стадионот во комплексот Куќа на фудбалот на ФФМ.

Се вчитува...