Георгиев стрелец за Теута која загуби од Партизани со два гола во судиското продолжение

Македонскиот интернационалец Пепи Георгиев запиша погодок за Теута на гостувањето против Партизани во 10. коло од албанскиот шампионат.

Георгиев стрелаше во 26. минута за водство од 1-0 на Теута, но неговиот тим до крајот загуби со 2-1 по два гола на домашните во судиското продолжение.

Теута беше пред триумф, но Партизани најпрво во 91. минута израмни со голот на поранешниот фудбалер на Шкендија, Стенио Жуниор, а потоа дојде и до победата со голот во 96. минута. Целиот натпревар во одбраната на Партизани го одигра и Егзон Белица.

Се вчитува...