Георгиевски: Добро го познаваме Порто, очекувам нов тежок натпревар

Вардар утре против Порто ќе ги стартува настапите за 2021 година во Лигата на шампионите. Крилото на вардарци, Гоце Георгиевски вели дека добро го познаваат португалскиот тим и дека очекува тежок натпревар.

„Не очекува тежок натпревар со Порто во Лига на шампиони. Познат противник во Скопје каде ја имавме победата во раце, но на крај примивме несреќен гол. Квалитетна екипа е Порто. Го анализиравме минатиот натпревар и ќе бидеме подготвени на нивната 7 на 6 игра. Треба да се потрудиме да ги намалиме грешките во напад, бидејќи во одбрана изигравме добро. Згуснат е распоредот, но во моментов треба да одиме од меч во меч, бидејќи ова е важен меч за нас“, изјави Георгиевски. 

Натпреварот во Порто е закажан за в четврток во 20: 45 часот.

Се вчитува...