Георгиевски: Доволно сме паметни и искусни за да ја победиме Украина

ЕКИПА во Виена,

Стеван Цаневски

Македонските ракометари се доволно искусни за да знаат дека фаворитската улога што им припаѓа пред дуелот со Украина мора да биде оправдана на терен. Десното крило Гоце Георгиевски смета дека токму искуството од настапи на големите натпреварувања ќе им биде од помош на „црвено-жолтите“ на стартот од овој европски шампионат.

„Против себе во првото коло имаме квалитетна селекција, имаме играно против нив, тоа се добри ракометари. Во секој случај ќе биде еден тежок натпревар во кој ќе мораме да дадеме се од себе за да тргнеме триумфално. Наша предност е искуството, секоја година сме дел од големите натпреварувања, знаеме колку е важен стартот и како да стигнеме до позитивен резултат во првата рунда. Доволно сме искусни и паметни за да стигнеме до победа на овој прв натпревар, мораме да влеземе со ладни глави, да го повториме на терен она што го работиме на тренинзите. Доколку успееме во тоа, резултатот нема да изостане“ – изјави Георгиевски.

Дуелот меѓу Македонија и Украина се игра вечерва со почеток во 20.30 часот.

Се вчитува...