Георгиевски: Мораме да ги поправиме грешките од првиот меч во Скопје

Вардар утре ќе му гостува на Киелце во мечот на неделата од ракометната Лига на шампиони. Крилото на Вардар, Гоце Георгиевски вели дека мора да ги поправат грешките од првиот меч доколку сакаат да стигнат до победа против полскиот тим.

„По првиот натпревар имаме уште многу работи да поправиме. Го анализиравме мечот, видовме каде грешевме. Што треба да направиме, што да поправиме. Киелце е квалитетна и искусна екипа. Нападот им функционира беспрекорно. Одбраната им е една од послабите алки, но во напад се неверојатни. Ако им ја спречиме транзицијата и нападот и правиме помалку грешки, мислам дека имаме шанси. Во првиот меч одигравме добро во напад, но промашувавме многу зицери. Овој пат мора тие слободни шутеви да ги искористиме и да не го разбраниме нивниот голман. Наше е да одиграме подобар меч и да се покажеме во подобро светло од Скопје“, изјави Георгиевски.  

Натпреварот кој ќе се игра во Полска е закажан за утре со почеток во 20:45 часот.

Се вчитува...