Георгиевски: Не „загубивме глава“, тоа е големината на оваа репрезентација

Гоце Георгиевски беше еден од хероите на денешниот триумф во Шафхаузен, откако десното крило постигна четири гола од исто толку обиди во второто полувреме. Членот на Вардар погоди во клучен момент од „мртов агол“, но остана скромен како и секогаш, подредувајќи се на колективниот успех.

„Ова беше исклучително тежок натпревар, израмнет долго време. Се менувавме во водство, но пресуди нашата реакција кога тие се одлепиа на три гола разлика. Не „загубивме глава“, бевме присебни и се вративме во мечот, тоа е големината на оваа репрезентација. И во најтешки моменти моменти знаеме да се вратиме, како од оваа негатива во Швајцарија. Сите верувавме во победата, знаевме дека сме поквалитетен противник од нив и на крајот го докажавме тоа на теренот“, истакна Георгиевски.

Македонија по првите две кола се наоѓа на делба на првото место во групата, рамо до рамо со Данска, додека Финска и Швајцарија се без бодови.

Се вчитува...