Георгиевски: Романците се со менталитет како Македонците, го сакаат ракометот и нема да се предадат без борба

ЕКИПА во Букурешт,

Стеван Цаневски

Гоце Георгиевски е еден од македонските репрезентативци кои во кариерата има настапувано во романското првенство. Искусното десно крило предупредува дека романските фанови ќе направат атмосфера слична на онаа во Скопје и не смее да се дозволи домаќините да земат залет во денешниот реванш.

Можам да кажам дека и Романците се слични по нашиот менталитет, исто така се големи вљубеници во ракометот и не се сомневам дека ќе им дадат огромна поддршка на своите миленици денеска. Играме во салата на Динамо Букурешт, кој ги гледал средбите на овој тим во Лигата на Шампионите знае дека редовно се создава одлична атмосфера. Не се сомневаме дека тие ќе ги направат сите напори за со помош на публиката да се вратат во овој двомеч, но ние сме подготвени да возвратиме на вистински начин и да го издржиме тој притисок“, вели Георгиевски.

Според членот на Вардар, единствена посериозна тактичка промена на противникот би можела да биде инсистирање на повеќе шутеви од далечина.

„За Романците ова е последна можност да фатат приклучок кон светскиот ракомет, нема да се предадат без борба. Тактички не може да се очекуваат преголеми промени бидејќи двата меча се играат во период од помалку од 48 часа. Видовме дека го имаат донесено Хумет, Шпанецот кој има романско државјанство. Со него можеби ќе се насочат повеќе на бековските позиции, на шут од надвор и на тој начин да ја разбијат нашата одбрана. Тоа е она што би можеле да се обидат, но ние сме максимално подготвени за овој реванш“, истакнува Гоце Георгиевски.

Се вчитува...