Најдобриот македонски таеквондист на сите времиња Дејан Георгиевски успешно се пласираше во полуфиналето на Европските игри во Краков, Полска.
Спортистот на Македонија за 2021 година во првата рунда во категоријата над 87 килограми славеше на Италијанецот Матија Молин со 2-0, а потоа во четвртфиналето забележа и победа против Украинецот Андри Харбар од 2-1.
Георгиевски ја загуби првата рунда со 4-2, но успеа да изедначи во серијата со победа од 7-0 во втората рунда. Во одлучувачката трета рунда во еден момент имаше негатива од 11-4, но успеа да стигне до изедначување (14-14) на 10 секунди пред крајот, а пласманот меѓу најдобрите четири го осигура со удар во телото на две секунди пред крајот.
За место во финалето Македонецот ќе се бори против Шпанецот Иван Гарсија Мартинез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА