Георгиевски со ЧСМ Букурешт славеше победа со 33 гола разлика во Челинџ Купот

Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски со ЧСМ Букурешт обезбеди пласман во осминафиналето во ракометниот Челинџ Купот. Романскиот тим во 3.коло од ова натпреварување на два пати беше поуспешен од кипарскиот претставник Парнасос Строволу во двата натпревари што се одиграа викендов во Букурешт.

На првиот меч вчера ЧСМ Букурешт славеше со 32-24, а денеска тимот на Георгиевски беше уште посупериорен и го победи Парнасос Строволу со дури 33 гола разлика (47-14) потврдувајќи го својот пласман во следната фаза од Челинџ купот.

Георгиевски на првиот меч постигна три гола, а денеска запиша еден погодок во победата на ЧСМ Букурешт.

Се вчитува...