Георгиевски со пригоден подарок од Мукаетов и РФМ (фото)

Гоце Георгиевски денеска го игра последниот меч во репрезентативниот дрес, а пред дуелот со Турција одличниот крилен ракометар доби и пригоден подарок.

Првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов, пред почетокот на натпреварот му подари на Георгиевски врамен дрес со бројот 22, што десното крило со години гордо го носеше бранејќи ги боите на Македонија на големите натпреварувања.

Во ситуација кога Никола Митревски добива заслужен одмор, на Георгиевски му припадна и честа да биде капитен на македонската репрезентација на овој последен меч од квалификациите за ЕП 2024.

Се вчитува...