Георгиевски стрелец за МТК во младинската Лига на шампиони

Младиот македонски фудбалер Христијан Георгиевски беше стрелец за својата МТК Будимпешта во ремито против Спарта Прага (3-3) во реваншот од првото коло во младинската Лига на шампиони.

Георгиевски беше стрелец на третиот гол на својот тим во 89. минута. МТК Будимпешта обезбеди пласман во следната рунда бидејќи во првиот меч кој го одигра на домашен терен славеше 1-3.

 

Се вчитува...