Георгиевски успешно ја мина првата пречка на МИ

Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски успешно го мина првото коло на Медитеранските игри во Таранто откако во првото коло откако со 2-1 во рунди во категоријата над 80 килограми славеше над Тунижанецот, Мотаз Ифауи со 2-1 во рунди.

Георгиевски во тесна борба успеа да ја добие првата рунда со минимални 4-3, откако на пет секунди до крајот успеа да добие два поени и да поведе со 1-0. Во втората рунда возврати Тунижанецот кој славеше со 5-0 и израмни на 1-1. Во одлучувачката трета рунда Георгиевски во самиот финиш успеа да се врати од негатива од 0-3 и да слави со 4-3 за конечен триумф од 2-1.

Вториот наш претставник денеска, Филип Блажевски го заврши настапот во првата рунда во категоријата до 80 килограми откако со 2-0 во рунди загуби од претставникот на Босна и Херцеговина Неџад Хушиќ.

Се вчитува...