Георгина удри по претседателот на Реал: Ќе се вратиме во Мадрид кога ќе си замине Флорентино

Причината за заминувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус е, сепак, Флорентино Перез. Ова станува јасно по последната објава на Георгина Родригез, девојката на Португалецот, која на социјалните мрежи напиша дека тие ќе се вратат во Мадрид и на „Сантијаго Бернабеу“ кога од клубот ќе си замине сегашниот претседател на Реал Мадрид.

Роналдо не ги доби условите што ги бараше за да остане и понатаму во дресот на Реал Мадрид и побара да ја промени средината, а тоа го искористи Јувентус реагирајќи експресно. Раководството на „старата дама“ плати 100 милиони евра и го доби најголемото засилување во последните неколку децении.

Сепак, Георгина не може да се помири со заминувањето од Мадрид.

„Ќе се вратиме еден ден после заминувањето на Флорентино Перез“, напиша таа, објавувајќи фотографија од последната титула во Лигата на шампионите што Роналдо ја освои со Реал Мадрид.

Се вчитува...