Ѓер го освои третото место на Ф4 во Будимпешта

Ракометарките на Ѓер го освоија третото место на Ф4 турнирот во женската Лигата на шампиони, откако во малото финале во крајно интересен натпревар славеа над данскиот Есбјерг со 28-27.

Унгарките подобро го отворија натпреварот и на полувреме имаа предност од 16-9. Ѓер одлично стартуваше и во вториот дел и во 40. минута стигна до највисоки плус осум (18-10).

По ова следеше голем пад на унгарскиот гигант, што го искористија Данките и на три минути до крајот стигнаа на само минус еден (27-26).

Сепак, во еден неизвесен финиш Ѓер подобро се снајде за конечен триумф од 28-27. Ана Грос со шест гола беше најефикасна кај победникот, додека кај поразените со ист број погодоци заврши Вилде Мортенсен Ингстад.

Од 18 часот е закажан финалниот дуел во кој ќе се сретнат актуелниот шампион Вајперс и вториот унгарски тим Ференцварош.

Се вчитува...