Ѓер ја одбрани шампионската титула, херојско простување на вардарки

ЕКИПА во Будимпешта,

Билјана Б.Петрушева, Кристијан Димевски

Во драматично финале по две продолженија Ѓер го победи Вардар со 27-26 и остана на европскиот трон. Вардарки пожртвувано се бореа до последен здив, но сонот за титулата остана неостварен и во овој проштален настап вкупно петти настап на Вардар на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите. Исто како и во ланското финале, во регуларниот дел натпреварот заврши без победник (20-20), а во продолженијата Ѓер беше посреќен и стигна до истриската четврта титула во ЛШ. Воедно, унгарскиот тим е и единствен што успеал да ја одбрани шампионскатат титула во Ф4 ерата во најелитното европско натпреварување.

Дуелот на двете најдобри женски екипи во Европа, почна во силно „машко“ темпо. Ѓер стартуваше со проверената гранитна одбрана и ја презеде иницијативата на стартот поведувајќи си 4-1. Вардарки тешко стигнуваа до позиција за гол покрај „зелениот ѕид“ на унгарскиот првак. По пет минути игра без гол, конечно мразот го проби Александра Лакрабер постигнувајќи го првиот погодок за Вардар од седмерец.

Дури во десетата минута „црвено-црните“ врзаа два гола во серија, а Андреа Лекиќ со најзиниот карактеристичен удар намали на 5-4. Вардарки не ја искористија првата шанса за изедначување, загубија топка, а Ѓер не пропушти да казни со брз погодок.

Тренерскиот тандем Ирина Дибирова и Роберто Парондо се обидоа со неколку роатции на бековските позиции, да го успорат ритамот што го наметна Ѓер, но унгарскиот првак ја играше својата игра и ја користеше секоја грешка на противникот. Високата одбрана 6-0 функционираше речиси беспрекорно, а во елемент одново беше и Кари Гримзбо на голот. На сета мака, Лакрабер не го искористи вториот седмерец при водство на Ѓер со 7-4 што дополнително ја отежна позицијата на Вардар. За среќа, Амандин Лејно спасуваше ситуација и ги држеше „црвено-црните“ во игра кога нападот не функционираше баш најдобро.

Лекиќ се врати на плејмејкерската позиција и ги презеде работите во свои раце. „Мозокот“ на Вардар прво имаше мирна рака и со третиот погодок намали на еден гол разлика, а потоа успешно и асистираше на Сара Ристовска за првото изедначување на 7-7 на пет минути пред крај на првиот дел. А, веднаш потоа, Полина Кузњецова беше стрелец на голот за прво водство на Вардар со 7-8 во 26.минута од  финалето.

Исклучувањети на Лекиќ на две минути, одново донесе конфузија во нападот на вардарки, но тогаш ситуацијата ја реши Андреа Пенезиќ задржувајќи ја минималната предност. Искуството на Анита Горбиц пак беше драгоцено за Ѓер кој во последниот напад успеа да изедначи и да го заврши првиот дел со 9-9.

Одлуката за победникот остана да се решава во последните 30 минути од големото финале во ЛШ. Вардар одново го презеде водството со погодокот на Полина Кузњецова (9-10), а десетатата одбрана на Лејно ја крена публиката на Вардар на нозе. Освен од своите навивачи вардарки добија гласна поддршка и од бројните романски навивачи кои откако ЧСМ Букурешт ја освои „бронзата“, во големото финале бучно навиваа за Вардар и заедно со макеоднските навивачи на спротивниот агол се обидуваа да ги надгласаат домаќините.

Вардарки пак на терен се оддолжија со пожртвувана игра што донесе погодок на Драгана Цвијиќ за прво водство со два гола разлика (9-11) по шест минути игра во вториот дел. Но, тензијата и незивесноста во „Ласло Пап Арената“ и понатаму беше на највисоко ниво. Лакрабер по втор пат промаши седмерец и шанса Вардар да дојде на +3, а Ѓер веднаш казни и намали на 10-11.

На 20 минути пред крај, Вардар повторно беше на +2 (11-13), откако Лакрабер со два гола во серија се обиде да надополни за промашениот семдерец. Но, на малерот со седмерците им немаше крај, па и ударот на Лекиќ од седум метри, наместо со гол, заврши со одбрана на Гримзбо и со казна од Мете Хансен за ново изедначување на 13-13 на стартот од последната четвртина. А, двете 13-ки на семафорот беа сигнал за Парондо да повика тајм-аут во обид да ја прекине серијата на Ѓер.

И последната четвртина почна со нерешен резултат (14-14), но и со одбрана на Лејно на ударот од седум метри на Анита Горбиц. Пожртвуваната игра со тактичко надмудрување и игра гол за гол продолжи и во решавачките последни минути. Нападот и минималната предност на „црвено-црните“ во овие моменти ги држеше Јованка Радичевиќ со два гола во серрија. Но, на спротивната страна во ист ритам одговори Нике Грот која постигна три гола, го врати Ѓер во водство (17-16) и ја крена температурата во Арената во Будимпешта на седум минути пред крај.

Инаетот и упорноста на Јованка Радичевиќ и смиреноста на Лејно беа драгоцени за Вардар во овие клучни последни минути од големото финале. Пет минути до крај, на семафорот 17-17, Лакрабер прави пробивање, ана Офтендал казнува за ново водство на Ѓер (18-17). Со последните атоми сила, вардарки сепак успеваат со голот на Барбара Лазовиќ да останат во егал. Ања Алтхаус во обид да го сопре нападот на вардарки направи прекршок и заработи исклучување, а Лазовиќ пак беше прецизна за предност на Вардар на истекот на последната минута.

Нике Грот со шестиот погодок изедначи на 19-19, но Лекиќ знаеше што сака во ова финале. Влезе бескомпромисно во нападот на дваестина секунди пред крај и Вардар одново имаше гол предност (19-20). На другата страна одговорноста ја презеде  Едуарда Аморим, на семафорот 20-20 и драмата во Будимпешта продолжи на девет секунди пред крај. Во последниот напад Лазовиќ погоди статива, а новиот шампион остана да се решава во продолженија на финалето. Исто како и во ланското финале  во ЛШ со истите актери на паркетот.

Дополнителните минути во мечот за титулата ги отвори Едуарда Аморим со три  гола во серија. Но, вардарки не се предаваа, Радичевиќ, Лекиќ, а потоа и Чаначија беа прецизни , но Ѓер го заврши првото продолжени со водство од 24-23 благодарение на Бернадет Боди.

И второто продолжение стартуваше со  погодок за Ѓер, овој пат со реализација на Нике Грот од седум метри, а потоа и на Боди за 26-24. Предноста им даде дополнителна самодоверба на ракометарките на Ѓер и дополнителен притисок на Вардар и трагично промашување на Чанаџија што му донесе уште една победа за титула на Ѓер со конечните 27-26.

Се вчитува...