Ѓер убедливо до бронзата во Европа, Ристовска и ЦСКА немоќни

Унгарски Ѓер стигна до бронзениот медал на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите откако во битката за 3. место славеше со 32-21 против ЦСКА Москва.

Унгарките од самиот почеток доминираа на мечот во кој уште на полувремето имаа предност од 18-8.

Во второто полувреме, само рутински се одржуваше предноста за конечна победа. Македонската репрезентативка Сара Ристовски натпреварот во дресот на ЦСКА го заврши со три постигнати гола.

Во финалето на Ф4 ќе играат Брест против Кристиансанд.

Се вчитува...