Гереиро ќе ја откачи Барса за Тухел и ПСЖ

Рафаел Гереиро е подготвен да ја одбие понудата на Барселона за да му се приклучи на Томас Тухел во таборот на ПСЖ. Каталонскиот гигант преговараше со Борусија за ангажман на португалскиот лев бек, но сметките на Барса се замрсени откако и „светците“ се вклучија во трката за овој фудбалер.

Адут во преговорите на францускиот првак е тренерот Тухел, кој во 2016 година го донесе Гереиро во Дортмунд. Двајцата имаа беспрекорна соработка, Гереиро подеднакво добро се снаоѓаше и како лев бек и како лево крило, па Тухел неслучајно сега сака да го доведе овој фудбалер и во Париз. Тој има само уште една година од договорот со Борусија, што го прави достапен за отштета од скромни 15 милиони евра.

ПСЖ планира летово да го продаде Курзава, кој не ги оправда очекувањата по трансферот од Монако, а Тухел во Гереиро гледа идеално засилување на позицијата лев бек.

Се вчитува...