Герет Бејл по финалето во ЛШ бил во соблекувалната на Ливерпул

Герет Бејл кој со два гола во финалето против Ливерпул (3-1) на Реал Мадрид му ја донесе 13.титула во Лигата на шампионите, прв го напушти теренот во Киев додека неговите соиграчи се уште ја славеа титулата.

Англиските медиуми открија дека фудбалерот на Реал заминал во соблекувалната на Ливерпул и таму поминал дваесетина минути со некои од своите поранешни соиграчи како Адам Лалејн. На парадата во отворениот автобус во Мадрид, Бејл останал на крајот и често е снимен сам, што дополнително ги засили шпекулациите дека летово си заминува од Мадрид.

Велшанецот веќе подолго време не е во најдобри односи со Зинедин Зидан, а според шпанските медиуми, Бејл бил многу лут кога Зидан го оставил на клупата во финалето на ЛШ. Во интервјуто после натпреварот, тој изјави дека ќе си замине од Реал доколку не добие гаранција дека ќе игра следната сезона.

Се чини дека и Реал Мадрид сака да се ослободи од Бејл со оглед на тоа дека за неговиот трансфер ќе добијат голема сума. Проблемот е што нема многу клубови што би можеле да ја платат отштетата за Бејл која сигурно не би била помала од 101 милион колку што плати за него „кралскиот“ клуб пред пет години.

Се вчитува...