Герет Бејл продолжува да ги провоцира фановите на Реал Мадрид (ФОТО)

Велшкиот интернационалец Герет Бејл продолжува со провокациите упатени кон фановите на Реал Мадрид. На тренинг на тимот фудбалерите заедно се фотографираа и додека сите беа прегрнати меѓу себе, велшкиот ас беше на дистанца од соиграчите во став како да игра голф.

За потсетување фановите на Реал Мадрид му замерија на Бејл бидејќи не дава свој максимум во кралскиот клуб, но и поради изјавата дека Велс и играњето голф секогаш ќе му бидат поважни од Реал Мадрид.

Се вчитува...