Плимут Аргајл наскоро би можел да има нови сопственици. Според британскиот Телеграф, во тек се преговори меѓу клубот и американска приватна инвестициска група, а поранешниот велшки репрезентативец Гарет Бејл би можел да игра важна улога во таа приказна.
Иако претходно не бил поврзуван со клубот, Бејл би можел да стане лицето на ова преземање, кое се одвива во соработка со американското семејство Шторч.
Неговото вклучување во сопственичката структура е продолжение на сè почестиот тренд во кој познати спортисти влегуваат во сопственички акции на англиски клубови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА