Гери Кејхил пред заминување од „Стемфорд бриџ“

Англискиот репрезентативец Гери Кејхил падна во немилост на новиот менаџер на Челси, Маурицио Сари. Тој оваа сезона речиси и да не добива шанса, откако Сари го ’врати во живот’ Давид Луиз. Сега Кејхил е во незавидна ситуација и размислува за заминување од „Стемфорд бриџ“.

„Тимот секогаш е во преден план, и така размислувам и јас. Но, едноставно морам да мислам и на мојата кариера. Доколку не добијам шанса, секако дека ќе побарам некоја друга опција. Челси ми е во срцето, и ќе се трудам да се наметнам, но доколку не сум потребен, тогаш…Нема друго, или играш фудбал, или не играш“, истакна Гери Кејхил.

Тој не доби шанса за настап ниту на мечот од Лигата на Европа на гостувањето во Солун против ПАОК (0-1). Сари направи неколку замени, но Кејхил повторно не беше во составот.

Се вчитува...