Германец главен судија на мечот против Италија во Рим

ЕКИПА во Рим,

Никола Станикевски

Фудбалската репрезентација на Македонија в петок од 20.45 часот на „Олимпико“ ќе и гостува на Италија во натпревар од 7. коло во квалификациите за пласман на Европското првенство кое следното лето ќе се игра во Германија.

Главен судија на овој натпревар ќе биде германскиот арбитар Феликс Цвајер. Цвајер требаше да биде на центарот на мечот во Скопје меѓу овие две репрезентации, но во последен момент тој беше заменет со Французинот Франсоа Летисие.

Ова ќе биде прв официјален меч на кој Цвајер ќе и суди на Македонија.

Се вчитува...