Германецот Гајгер го освои златото во нордиска комбинација

Германецот Винченц Гајгер го освои златниот медал во нордиска комбинација на малата скокалница на Зимските олимписки игри во Пекинг. Тој до победата стигна со маестрален финиш во кој во последните 2,5 километри успеа да надополни повеќе од 15 секунди кон водечката група.

На крај тој до златото стигна со време од 25:07.7 што беше за само 8 десетинки подобро од второпласираниот Норвежанец, Јорген Грабак кој заврши со среброто. Бронзата му припадна на Лукас Грајдерер од Австрија.

Интересно е тоа што Јоханес Риѕек кој беше водечки во текот на целата трка на крајот остана без медал. За потсетување првиот фаворит, Норвежанецот Јарл Магнус Рибер поради позитивен ковид тест не настапи.

Се вчитува...